Џони Деп повеќе не е пират, актерот во одело прошета на црвениот тепих

Светскиот актер Џони Деп се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција. Модните критичари велат дека со својот изглед Деп ги воодушевил многумина од фановите за кои е препознатлив како валканиот капетан Џек Спероу, пиратот од Карибите.

Деп беше облечен во класично издание на лош тип. Актерот зачекори со разбушавена коса, цигара во усните и очила за сонце. „Деп изгледа совршено“, „Се чини како на крајот да дошол при себе“, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top