Десет теории што навистина се случило на 11 септември и терористичкиот напад на кулите близначки

Американицте одбележаа 18 години од терористичкиот напад и рушењето на кулите близначки кој се случи на 11 септември 2001 година. И по скоро две децении многумина се сомневаат во официјалната верзија на властите.

Големиот број докази и видеа на социјалните мрежи од трагичниот настан, научно го побиваат она што е прикажано како официјална верзија на настанот зад рушењето на Светскиот трговски центар. Теоретичарите на заговор објавија 10 верзии за тоа што навистина се случило пред и по нападот.

10. Дали терористите кои биле просечни и лоши пилоти, можеле да управуваат со авионите?

Кај заговорниците се јавуваат бројни сомнежи за способноста на терористите да управуваат со толкави големи и моќни авиони, кои удрија во кулите близначки и Пентагон. Во разни телевизиски програми, преку симулации на летови, се утврдило дека дури и на професионални пилоти им било тешко да се управува со такви авиони во лет.

Се покажало дека неискусни полоти не би можеле да бидат во состојба да ги насочат патничките авиони и да ја погодат метата, како што било случај со летот 77, авионот кој го погоди Пентагон. Тренер пилот од Сан Диего, Рик Гарз, вели дека ги учел терористите да летаат со мали авиони со еден мотор.

Рик ги замолил да го напуштат курсот, затоа што биле неспособни.

9. Ненавремениот одговор на терористичкиот напад од страна на НОРАД

Многумина заговорници се прашуваат како Северноамериканското заповедништво за воздушна одбрана (NORAD), за кое се смета дека ја има најсофистицираната противвоздушна одбрана во светот, не реагирало навреме и не ги испратило авионите ловци пресретнувачи, кои се стационирани во блиската воздушна база „Ендрус“.

Ова е клучната работа за многу истражувачи кои до ден денес се сомневаат и прашуваат како воопшто било дозволено да се дозволи да се случи киднапирањето.

За некои е незамисливо што властите не издале наредба да авионот биде пресретнат од авионите ловци, па и срушен навреме со цел да не се дозволи да се случи поголема трагедија. Властите биле свесни за киднапирањето 30 минути пред да се случи терористичкиот акт и патничкиот авион удри во кулите.

Во 2000 година, вакви вежби на испраќање на ловци пресретнувачи, биле направени 129 пати. Исто така треба да се напомне дека не е потребно преголем напор за пресретнувачот авион биде испратен во воздух. Ако патнички авион излезе од планираниот курс, или изгуби се контакт на неколку минути, веднаш се испраќаат борбените авиони.

Ако постои и најмал сомнеж дека се работи за вонредна ситуација, властите мора веднаш да реагираат. Но, на 11 септември, пресретнувачите не полетале во воздух на време.

8. Тврдење на теоретичарите за поставени експлозиви и бомби во зградите

Постојат бројни теории за тоа дека кулите близначки се срушени со контролирана експлозија. На социјалните мрежи редовно се појавуваат видео снимки, кои го докажуваат ваквото тврдење. Но, не се работи за ново тврдење. Речиси по рушењето на кулите, некои луѓе тврделе дека слушнале експлзии во внатрешноста на зградата.

Дури и некои противпожарни лица, кои биле на лице место, тврделе дека слушнале експлозии. Нивните изјави можеле да се забележат и во изјавите во медиумите. Еден од теоретичарите кои верува дека станува збор за контролирано рушење е Дејвид Ростчек.

„Изгледа како контролирано рушење и ако не слушнеме повеќе за тоа во следните неколку дена, тоа ќе биде проблематично“, вели Ростчек.

Тврдење за планирана експлозија и бомби постојат и во случајот со Пентагон. Април Галоп, службеничка која работела во Пентагон, била во зградата со својот помлад син. Таа тврдела дека експлозијата во зградата била слична на детонација на бомба.

Неколку минути по настанот, Галоп вели дека излегла боса од зградата низ дупката, која наводно настанала од ударот на авионот. Но, таа тврди дека не ги видела остатоците од леталото, ниту теата на патниците, ниту нивниот багаж. Била убедена дека целата официјална приказна била лага.

Галоп имала намера да ја тужи владата на САД, (во случајот Галоп против Чени). Откако ги открила нејзините намери, се соочила со бројни напади поради „неамериканско“ однесување.

7. Говорот на Доналд Рамсфелд на 10. септември

Ден пред нападот на 11. септември, тогашниот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд, објавил дека се соочил со големи финансиски кратења во Пентагон, за да се ослободи од милион долари за оружје и операции. Со тоа теоретичарите велат дека тој тивко признал дека не е познато каде исчезнале 2,3 трилиони долари.

Утврдено е дека Пентагон не делува ефикасно и дека е многу лесно да се влезе во трагата на исчезнатите пари. Дури изјавил дека старите и неефикасни компјутерски системи, кои ја следеле секоја владина одбрамбена трансакција, можат да се преправат и делењето информации да се направи полесно и попрецизно.

Пред националните и меѓународни медиуми, Рамсфелд изјавил дека не го напаѓа Пентагон, туку дека сака да го ослободи. За помалку од 24 часа подоцна, Пентагон стана третата мета на терористите.

6. Избришани информации од компјутерските системи

Посомнително за теоретичарите од говорот на Доналд Трамсфелд е тоа што самиот хардвер (како и белешките каде биле складирани) се наоѓале на местото во кое авионот директно удрил. Штетата била толку голема, што сите белешки биле целосно уништени и ништо не можело да се поврати назад.

Со оглед на тоа дека и самиот Рамсфелд навел дека на 2.3 трилиони долари им се изгубила секаква трага, тие пари теоретски исчезнале во експлозијата на тој 11. септември 2001 година.

Оние кои веруваат во тврдењата за „црни фондови“, и финасирања кои официјално не постојат, не можеле да не забележат дека на властите им биле достапни 2.3 трилиони долари да ги потрошат како што сакаат.

Каде исчезнале трилиони долари за кои и самиот Рамсфелд говорел пред нападот, прашуваат заговорниците. Јасно е дека за ваквата теорија не постојат докази и дека сè претставува шпекулација. Но, тоа е и смислата на црните фонодви. Недвосмислено е дека 2.3 трилиони долари засекогаш останале изгубени.

5. Други теории поврзани со летот 77

Хани Ханјор личноста која наводно управувала со летот 77, наводно не бил во состојба да управува со леталото и така прецизно да удри со авионот во Пентагон. Особено не под аголот потребен за да биде нанесена толкава штета.

Само неколку недели пред нападот, официјални лица од воздушната кула во Мериленд, сакале да проверат дали Ханјор навистина има дозвола да биде пилот, кога се обидел да изнајми мал авион. Инсистирале да направат пробен лет. Еден од инструкторите изјавил дека не бил во состојба да пилотира, па одбиле да му изнајмат.

Освен тоа, телефонските повици од летот 77. само неколку минути пред падот наводно биле лажни. Некои веруваат дека повиците се направени со технологија која го менува гласот. Идејата што навистина се случило со вистинските патници се разни. Од тоа дека сите добиле нови идентитети, па до тоа дека се ликвидирани.

Колку и да звучи лудо оваа теорија, покрај бројните налудничави заговорници, во истата веруваат и академици, научници и поранешни војници.

4. Пентагон е нападнат со проектили

Уште едно тврдење за нападот на Пентагон, го негира она за што говори Ејприл Галоп. Пензионираниот генерал Алберт Н. Стаблебајн III изјавил дека може да докаже дека во зградата на Пентагон не удрил авион.

Стаблебајн јавно проговорил за своите тврдења. Иако на почетокот и поверувал на официјалната приказна, тој се предомислил кога го анализирал нападот врз Пентагон.

Стаблебајн подоцна почнал да открива детали за она што тој верува дека навистина се случило. Тој тврдел дека околу Пентагон биле исклучени сите камери, освен една. Властите во јавноста пуштиле пет слични филмови, кои наизглед го прикажуваат авионот како удар во зграда.

Стаблебајн тврди дека на снимката се гледаат проектили, но дека сликите лесно можеле и дека се изменети. Дали тоа била бомба која ја слушнала Ејприл Галоп? Постојат тврдења дека за време на нападот биле исклучени ПЗО системите околу Вашингтон. Други тврдат дека слушнале како Пентагон бил погоден со проектили.

3. Летот 93 и белиот авион кој летал над Белата куќа

Авионот на кој често се заборава во расправите за нападите на 11. септември е летот 93. Поконкретно како истиот завршил на земја? За време на божиќниот говор, пред војниците стационирани во Багдад во 2004 година, Доналд Рамсфелд признал дека тој авион го срушиле американски ловци.

Заговорниците веднаш ја коментирале ваквата изјава на Рамсфелд, додека официјален Пентагон едноставно пренел дека политичарот лошо се изразил. Официјаната приказна е дека патниците самите ги совладале терористите и дека за време на борбата, авионот се срушил во поле во Пенсилванија.

Но, речиси веднаш се појавиле гласини дека авионот бил срушен од американски борбени ловци. Работите станале почудни кога бил забележан и мистериозен бел авион како кружи над Белата куќа, пред и откако биле погодени Пентагон и кулите близначки.

Џон Кинг, дописник за Белата куќа, за „Си-Ен-Ен“, изјавил дека воздушниот простор над Белата куќа, претставувал забрането подрачје. Потоа додал дека тајната служба била загрижена поради него.

Дали тој мистериозен авион своето внимание го насочил на летот 93, по напуштањето на воздушниот простор на Вашингтон, не е познато. Исто така не е познато, ниту каде патувал, ниту кој бил во него.

2. ГГИ технологија со која можат да се направат видеа кои создаваат илузии

Некои заговорници сматаат дека со помош на ГГИ технологијата, можат да се направат видеа, кои создаваат илузии за работите да изгледаат вистински. Некои заговорници сметаат дека тоа е случај и со видеото од ударот на вториот авион, кој удира во јужната кула.

За ваквите тврдења, поранешен пилот на ЦИА, Џон Лир, тврди дека ниту еден авион не ги погодил кулите близначки, туку дека тоа било илузија. Неговото тврдење е критикувано и од самите заговорници и обично се отфрла без поголемо размислување.

1. Физички аргумент – експлозијата на горивото во млазните авиони ја стопла челичната конструкција

Како и теоријата за ГГИ видео снимките, отфрлени се и тврдењата за тоа дека горивото во млазните мотори може да ги стопи челичните греди. Овие заговорници сметаат дека рушењето на кулите близначки е последица на интезивната топлина поради запаленото гориво.

Дури и да се случило тоа, заговорниците сметаат дека е невозможно да се случи два пати по ред. Дури и некои експерти за градежништво веруваат дека рушењето на кулите и зградата 7, која се срушила малку подоцна, е резултат на контролирани експлозија на бомби, кои биле однапред поставени во потпорните греди на кулата.

Постојат и контра аргументи за сите овие тврдења. Покрај тоа што постојат греди кои можат да се стопат, можно и огнената стихија да предизвикала толкава топлина, доволно за да ја ослабат и да ја загрозат стабилноста на кулата.

 

 

Scroll to Top