Ријана забрани сликање на својата ревија на долна облека

Ријана им забрани на гостите да ги користат своите телефони за време на нејзината ревија на долна облека на Модната недела во Њујорк. Всушност стриминг-сервисот „Амазон прајм видео“ ги доби ексклузивните права за снимање и со тоа „Амазон“ ќе ја емитува ревијата на 20 септември.

„Немате поим колку лудо шоу ни доаѓа“, објави Ријана на „Твитер“.

Славната пејачка и дизајнерка ги спои музиката, модата и културата со специјалните гостинки како Џиџи и Бела Хадид, Нормани и Кара Делавињ.

 

 

Scroll to Top