Холивудската глумица Деми Мур на 24 септември ќе ја промовира својата прва книга, мемоарите Inside Out. Во автобиографската книга таа открива дека била силувана кога имала 15 години, дека ја спасила мајка ѝ кога таа се обидела да се самоубие, а првпат открива и дека на 42 години останала бремена од Ештон Кучер, но го изгубила бебето во шестиот месец од бременоста.
Во мемоарите Мур пишува за најтешките моменти од нејзиниот живот. Таа раскажала дека кога била дете, мајка ѝ се обидела да се самоубие така што испила многу апчиња. Ја спасиле Деми и татко ѝ, така што ги извадиле лековите од нејзината уста.
„Следното нешто на што се сеќавам е дека ги користев моите прсти, моите мали детски прстиња за да ги ископам апчињата кои мајка ми се обиде да ги голтне додека татко ми ѝ ја држеше устата отворена и ми кажуваше што да правам. Длабоко во мене нешто се промени и никогаш не се врати назад. Моето детство заврши“, пишува таа.
На 13 години, дознала дека нејзиниот татко не ѝ е биолошки татко, откако го пронашла изводот од матичната книга на венчаните на нејзините родители.
Од домот на родителите си заминала кога имала 16 години, а на 17 се омажила со пејачот Фреди Мур. Се развеле 4 години подоцна. Потоа беше свршена со глумецот Емилио Естевез, па се омажи со Брус Вилис.
Бракот траеше од 1987 до 1998 година, а официјално се разведоа во 2000 година. Со Вилис таа има три ќерки – Рамер, Скаут и Талула. По разводот со Брус и смртта на нејзината мајка од рак, Деми се повлече од снимањето.
Во 2003 година таа почна да се гледа со глумецот Ештон Кучер, кој е помлад 15 години помлад од неа. „Ми беше како да можам да се вратам назад во времето. Со него искусив многу повеќе отколку што можев да искусам во моите дваесетти години“, стои во книгата.
Тие биле пресреќни кога откриле дека ќе имаат ќерка и сакале да ја крстат Чаплин Реј. Во шестиот месец од бременоста, Мур имала спонтан абортус и го изгубила бебето. Се венчале следната година и се обиделе да имаат друго дете со бројни третмани, но глумицата веќе не затруднела.
Таа се обвинувала себеси за спонтаниот абортус, па почнала да пие и да користи дрога. Од Ештон се разведе во 2011 година, кога дознала дека ја изневерил. Се пријавила во програма за рехабилитација од користењето наркотици и алкохол, по што почнала да го пишува својот мемоари.
Книгата ќе почне да се продава пред крајот на месецот, а предговорот го напиша нејзината пријателка Гвинет Палтроу.