Откако трипати се разведе, српската пејачка Наташа Беквалац, во интервју за „Информер хит“ изјави дека е спремна повторно да се мажи. Според неа, никогаш не е доцна за љубов, па ако не се заљуби сега, верува дека ќе се заљуби за десет години.
„Кога ќе се појави вистинскиот, повторно ќе се омажам. Се разбира, куќа не се гради од покривот и не се размислува за брак кога немаш човек покрај себе. Сè уште верувам во љубовта, никогаш не престанав. Би било поразително за мене и не би имала волја за живот ако немам љубов“, открила пејачката.
За потсетување, Наташа Беквалац прво беше омажена со ватерполистот Данило Икодиновиќ со кого ја има ќерката Хана, па се омажи за ракометарот Љуба Јовановиќ со кого немаше деца, а трет сопруг ѝ беше Лука Лазукиќ. Од тој брак ја роди ќерката Катја.