Глумицата Кира Најтли се породила тајно, пишуваат британските медими. Тие не го знаат полот на бебето, ни кога е родено. Но папараците викендов ја сликале 34-годишната глумица додека со сопругот шета низ Лондон и туркаат бебешка количка, а таа веќе нема труднички стомак. Глумицата долго време ја криеше и бременоста од јавноста.
Ова е второ дете на Најтли и музичарот Џејмс Рајтон, за кого се омажи 2013 година. Двојката веќе ја има ќерката Еди (4). Кира со Еди имаше тешко породување, па неколкупати во интервју зборуваше за проблемите со кои се соочиле и таа и бебето.