Централната известувачка американска агенција (ЦИА) не успеа да го спречи најголемиот терористички напад извршен во САД во 2001 година, па оттука голем број заговорници се прашуваат и се сомневаат дали е можно, истата да направила многу повеќе и дали можела да го спречи ваквиот напад.
Неуспехот на ЦИА да ги забележи знаците за 11.09.2001 година стана една од најспорните теми во историјата на известувачката работа, пишува британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“.
Од една страна ги има оние заговорници кои велат дека агенцијата замижала пред очигледните знаци за реализација на терористичкиот акт, а од друга страна има такви кои тврдат дека е тешко однапред да се идентификуваат заканите и дека ЦИА направила сè што е во нејзина моќ.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, можно е и двете страни да грешат. Можно е проблемот да бил многу поголем и поширок и истиот да ги опфаќа серија грешки на илјадници организации, влади и тимови. И покрај големиот број на истраги, малкумина се сетиле да ја испитаат внатрешната струкгура на самата ЦИА.
„Би-Би-Си“ пишува дека Осама бин Ладен им објавил војна на САД од пештерите во планината Тора Бора во февруари уште во 1996 година. На фотографиите кои стигнале до ЦИА, бил прикажан маж со брада долга до градите. Инсајдер од американската известувачка агенција, вели дека ЦИА во тој период не верувала дека висок брадест Саудиец, кој клечи пред логорски оган, би можел да претставува закана по безбедноста на САД.
„Би-Би-Си“ понатаму пишува дека за критичната маса аналитичари, Бин Ладен делувал примитивно и не претставувал никаква сериозна опасност. Ричард Холбурк, висок официјален претставник за време на претседателствувањето на Клинтон изјавил дека еден човек во пештера не би можел да го надмудри американското општество во комуникациите, кое во таа област е водечка во светот.
Друг аналитичар тврди дека многумина во САД, просто не можеле да ја прифатат идејата да вложат дополнителни ресурси во пронаоѓање на повеќе информации за Бин Ладен и Ал Каеда, со оглед на тоа дека тој живее во пештера.
„Би-Би-Си“ истакнува дека некој кој подобро го познава исламот, поинаку би ги доживеал истите фотографии.
„Бин Ладен носел униформа, не затоа што бил примитивен и интелектуално или технолошки, туку затоа што сакал да изгледа како пророк. Постел во денови кога постел и пророкот. Неговите потези и ставови, кои на западната публика им изгледале назадено, исламската традиција ги припишува на своите најсвети пророци“, истакнува „Би-Би-Си“.
Во книгата за 11.09. која доби „Пулицерова награда“, Лоренс Рајт, пишува дека Бин Ладен организирал операција прикажувајќи слики кои биле многу важни за многу муслимани, но практично невидливи за оние кои не ја познаваат верата. „Би-Би-Си“ објавува дека пештерата во која живеел Бин Ладен, има уште поголема симболика.
„Секој муслиман знае дека Мухамед го побарал своето засолниште во пештера откако побегнал од прогонителите во Мека. За еден муслиман, пештерата е свето место“, наведува „Би-Би-Си“.
Бин Ладен пештерата ја користел како пропаганда, пренесува „Би-Би-Си“, наведувајќи еден коментар на еден од неговите следбеници и ученици. Бин Ладен не бил примитивец, туку бил стратег и знаел како преку Куранот да ги поттикне луѓето, кои подоцна стануваат маченици во нападите на 11.09.
Аналитичарите исто така потсетуваат на моментот дека Бин Ладен често во своите изјави користел поезија. На лицата од ЦИА ова им делувало како ексцентрично, додека за муслиманите поезијата била света работа и талибанците редовно ја користеле во своите излагања.
Известувачките експерти, Мајло Џонс и Филио Силберзан, објасниле дека поезијата не била само на странски арапски јазик. До 2000 година, антимодерната, необразована група на луѓе, пораснала на околу 20.000 воглавно факултетски образовани луѓе. Јазик Суфат, кој ќе стане еден од истражувачите на антраксот на Ал Каеда, дипломирал на престижен Универзитет, по предметот хемија.
Многумина била подготвени да умрат за својата вера, наведува „Би-Би-Си“. Во меѓувреме висок официјален претставник на ЦИА, Пол Пилар (средновековен белец, дипломиран на елитни колеџи) ја отфрлил самата можност за некој поголем терористички чин.
Втората грешка на ЦИА, пишува во анализата било тоа што одбиле да веруваат дека Бин Ладен ќе почне конфликт со САД. Ваквото убедување го темелеле врз база на тоа што самиот Бин Ладен не верувал дека може да ја добие таа битка. Во ЦИА не разбираат дека џихадистите не сакале да остварат победа на земјата туку во рајот, пишува „Би-Би-Си“.
„ЦИА не можела да додели повеќе ресурси за Ал Каеда. Би можеа да се обиде да се инфилтрира. Но, не биле во состојба да ја разберат итноста од тоа. не доделиле повеќе ресурси затоа што не ја увиделе заканата. Проблемот не бил само во тоа што не умееле да ги поврзат точките на есен 2001 година, туку и неуспехот во целиот известувачки циклус“, оценува „Би-Би-Си“.
„Би-Би-Си“ како еден од проблемите поради кои потфрлила агенцијата во откривањето на терористичкиот акт ја наведува и политиката на вработеување. Малкумина се сетиле да ја истражат политика на вработување на агенти во американската истражувачка агенција, пренесува „Би-Би-Си“. Потенцијалните агенти треба да минат низ серија на психолошки, медицински и друг вид на тестови. Несомнено биле ангажирани исклучителни луѓе со врвни техники пишува британската мрежа.
„Двата главни испита биле тестовите од типот SAT. Тест со кој се проверувала интелегенцијата на кандидатот и неговиот психолошки профил, нивната ментална состојба. Тестовите ги елиминирале сите оние кои немале брилијантни резултати. Во годината кога и јас се пријавив, примија само еден кандидат од 20.000 пријавени“, вели анонимен ветеран на ЦИА.
„Би-Би-Си“ истакнува дека сепак повеќето од примените лица биле со сличен профил. Станувало збор за мажи, Англосаксонци, американски протестанти. Тоа е вообичаен феномен кога станува збор за регрутирање на лица во ЦИА. Прифатливо биле да се вработат луѓе кои делат исти верувања.
Известувачките експерти, Џонс и Силберзан, велат дека првиот доследен атрибут, идентитет и култура на ЦИА, од 1947 година до 2001 година, е хомогеноста на нејзиниот пресонал во смисла на расата, полот, етничката припадност и класното потекло.
Студијата на генералниот инспекторат за регрутирање открива дека во еден огранок на ЦИА, Канцеларијата за известувачка проценка од национално значење во 1964 година, немало ниту еден црнец, Евреин, ниту жена професионалец. Имало само неколку католици.
До 1967 година, според тој извештај, од 12.000 вработени во ЦИА, имало помалку од 20 Афроамериканци. Агенцијата ја задржала праксата да не ангажира малцински групи од 1960 година до 1989 година. До 1975 година, известувачката агенција, отворено го бранела врабтувањето на хомосексуалците.
Говорејќи за ова искуство во ЦИА во 1980-те години, еден инсајдер го напишал процесот на регрутирања. Многу нови офицери изгледале слично како и лицата кои биле регрутирани. Белци, воглавно Англосаксонци, средна и висока класа, дипломци од колеџите со слободни вештини.
Разноликоста дополнително е намалена по крајот на студената војна. Еден поранешен офицер вели дека ЦИА имала култура на регрутирање како бел ориз.
Во месеците во пресрет на 11. септември, Меѓународното списание за известување и контра-известување објавиле дека во агенцијата работеле бели мажи, протестантска елита, не само затоа што тоа било класа на власта, туку затоа што и таа елита себе си се сметала за гаранција и заштитник на американските вредности и етика.
„Ако составите тим за штафета, нормално е да ги сакате најбрзите тркачи. Важно е истите да се иста раса, пол, и социјална класа“, наведува „Би-Би-Си“.