Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинкит“, Фелисити Хофман (56) во петокот беше осудена на 14 дена затвор бидејќи платила 15.000 американски долари на лажна добротворна организација за местење на резултатите на тестовите за способност на нејзината ќерка.
Станува збор за SAT (Scholastic Test Aptitude Test), тест што се користи како приемен испит за додипломски студии во Соединетите Држави.
елисити самата ќе се предаде на 25 октомври во затворот во Даблин, Калифорнија, кој списанието „Форбс“ го прогласи за еден од десетте најчисти затвори во Америка, пренесуваат странските медиуми.
Актерката на тој начин ќе може да купи бројни шампони, дезодоранси, прашок за бебиња, па дури и крем за сончање. Фелисити, исто така, на располагање ќе има чипсови, орео бисквити, пица и пуканки. Затворениците можат да гледаат филмови, да играат друштвени игри и имаат на располагање и теретана.
Актерката ќе треба да плати и парична казна од 30.000 американски долари и да потроши 250 часа добротворна работа покрај двонеделниот затвор.