Порно ѕвездата Џесика Џејмс е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Сан Франциско. Сопругот ја нашол 43-годишната Џејмс онесвестена во нејзиниот стан, а кога пристигнала медицинската екипа, само констатирале смрт. Телото е предадено на обдукција за да се откријат причините за смртта.
Според порталот „Ти-ем-зи“, Џејмс најверојатно починала од срцев удар. Таа во минатото неколкупати имала напади, за кои знаела и јавноста.
Џејмс е дел од порно индустријата од 2002 година. Две години подоцна станала едно од заштитните лица на списанието „Хастлер“, а била прогласена и за „Хастлер девојка на годината“. Во 2008 година, Џесика основала свое порно-студио. Освен по кариерата во порно-филмовите, таа имала мала улога и во популарната американска серија Weeds.