Американската актерка Џенифер Анистон (50), позната по улогата на Рејчел Грин во серијалот „Пријатели“, во неколку наврати изјави дека се чувствува одлично во своето тело, но на почетокот на кариерата таа се сретнувала со критики.
„Требаше да изгуби 13 килограми за да преживее во Холивуд. Лос Анџелес е тешко место за млада актерка, тешко е да се биде жена на вакво место. Џенифер не е дебела и сите ја видоа нејзината убавина, но се виде и дека камерата ѝ додава неколку килограми“, вели Саул Аустерлиц, автор на книгата што излегува по повод 25-годишнината на серијалот, во која се откриваат детали за главните ликови што досега не биле познати.
„Тие ѝ рекоа дека е премногу дебела за добри улоги. Големите фаци бараа од Џенифер да ослаби барем десет килограми. Тие сакаа таа да носи боди, корсет на аудициите…“, додаде таа.
Актерката изјави дека нејзината агентка ѝ рекла дека мора да ја промени исхраната и да изгуби неколку килограми и се согласила дека ѝ е потребна промена.
„Мајонез на бел леб – највкусната работа на светот. Пржени компирчиња, сосови, за среќа, почнав да внимавам на тоа“, рече Џенифер.
Со текот на годините таа во Холивуд ја доби титулата на една од најпосакуваните жени на светот и беше признаена како талентирана актерка со милиони на својата банкарска сметка.