Според BBC, 41-годишниот Италијанец објавил книга во која го опишува свето патување до моментот кога станува татко на Алба, девојче со Даунов синдром.
За време на радиоинтервју Трапанезе објаснил дека овој случај е посебен бидејќи тој ги „уништил стереотипите за татковството, религијата и семејството“.
Во Италија, усвојувањето за хомосексуалните и самохрани родители традиционално е многу комплицирана работа.
Лука ја усвоил Алба во 2017 година, кога таа имала само 13 дена и веќе била оставена од родената мајка, но и одбиена од 20 семејства кои чекале да посвојат дете. Била одбиена поради тоа што била со Даунов синром.
Лука со години работел како домаќин на центри за нега за луѓе со посебни потреби и отсекогаш сакал да стане татко.
Поради тоа, и покрај тоа што нема партнер, тој одлучил да „притисне“ околу усвојувањето на Алба, која сега ужива во среќата со нејзиниот татко.
Според BBC, Алба е одлучно мало дете што може да биде и тврдоглаво, на моменти. Таа сака да игра и танцува, а ужива во друштво на други луѓе.
„Им ги испраќаме сите наши најдобри желби на Лука и Алба! Лука е човек со големо срце и благодарение на него ова мало девојче има светла иднина пред себе“, пишуваат на социјалните мрежи.