Потребно: 1 коцка квасец, малку млеко, 1 лажица шеќер, малку брашно
1 кг брашно
1 лажица сол
2 лажици шеќер
200 мл масло
3 јајца
550 мл млеко
Подготовка:
Во малку млако млеко растопете го квасецот заедно со малку шеќер и брашно, па оставете го 10-тина минути на топло за да се активира.
Во еден килограм брашно додадете лажица сол, две лажици шеќер, 200 мл масло, 3 јајца, активираниот квасец и топло млеко по потреба (мене ми беше доволно 550 мл).
Се замесува убаво мазно тесто и се остава еден час на топло. Кога тестото ќе стаса, направете неколку топчиња па секое со оклагија развлечете го во тркалезна кора.
Секоја кора сечете ја на 8 триаголници и филувајте ги по желба.
Кифличките редете ги во тепсија, покријте ги со чиста крпа и оставете ги барем 15 минути уште малку да нараснат.
Пред печење премачкајте ги со изматена жолчка и наросете ги со сусам. Печете ги на 180-150 степени, во зависност од вашата рерна.