Дневен хороскоп за 26 септември

Овен

Во текот на денот работите ќе си течат според планираното. Доаѓаат убави времиња кога се во прашање финансиите. На љубовен план немате никакви проблеми со партнерот. Со здравјсето сè е во ред, само обидете се да ја избегнувате мрсната храна.

Бик

На работа ќе бидете задоволни од остварениот напредок што сте го направиле претходно. На љубовен план, наскоро очекувајте сериозна врска со личност кон која имате силни чувства. На здравствен план немате никакви проблеми.

Близнаци

На деловен план до крајот на денот ќе решите голем дел од проблемите кои сте ги имале во минатото. На љубовен план работите не се сјајни. Пречките во комуникацијата со партнерот ќе ви претставуваат потешкотии во понатамошниот однос. На здравствен план, можни се проблеми поврзани со крвотокот.

Рак

Голем дел од обврските ќе ви бидат завршени на деловен план. Финансиската состојба ви е стабилна. Немате потреба за грижи. На љубовен план ви претстои позитивен период. Партнерот целосно ќе ви биде посветен и убаво ви е кога сте заедно. На здравствен план, можни се проблеми со бубрезите.

Лав

На деловен план во текот на денот очекувајте дека ќе бидете ставени на тест од вашиот работодавец. Ќе работите под притисок. Нема да се чувствувате комфорно. На љубовен план, ако сте слободни, денот е идеален за откритие на нова љубова. На здравствен план, нагласен ви е падот на имунитетот.

Девица

Ве очекуваат голем број обврски во наредниот период. Сега е моментот да се покажете пред вашиот шеф. На љубовен план ќе ви се случи ново познанство. Пред вас е поволен период на ова поле. На здравствен план, ќе имате проблеми со вашиот граден кош.

Вага

За оние кои се занимаваат со приватна работа, веројатно ќе добијат унапредување и покачување на платата. Идеална ви е ситуацијата кога е во прашање полето за работа. На љубовен план вашиот партнер ќе побара некои промени во односот. Со вашето здравје сè е во ред.

Скорпија

Нема да ви биде лесно да ги решите сите обврски и проблеми на работното место. На деловен план работите не ви се најсјајни. Кога најмалку ќе очекувате ќе запознаете нова личност. На љубовен план очекувајте наскоро врска. На здравствен план, можни се проблеми со белите дробови.

Стрелец

Финансиската состојба полека ви се подобрува. Задоволни сте од сработеното на работа. На деловен план ве чека поволен период. На љубовно поле, пред вас е период во кој ќе имате тешкотии во односот со вашиот партнер. Ве очекуваат многу кавги и расправии. Со здравјето сè е во ред.

Јарец

Вашиот шеф ќе ви врши притисок на работа. Обидете се да бидете малку флексибилни во односите со вашите соработници. Што се однесува до полето на работа, финансиите не ви се баш најсјајни. На љубовен план можно е наскоро да запознаете нова личност, која кон вас ќе покаже искрени чувства. Со здравјето сè е во ред. Потребно ви е повеќе сон.

Водолија

Неопходно е да ѝ се посветите на работата и повеќе да се сконцентрирате на проблемите и обврските кои се пред вас. Доаѓа период во кој ќе остварите значителни промени. Фантазирате за личноста кон која имате силни чувства.  Треба да бидете отворени и да ѝ кажете дека сакате да бидете повеќе од пријатели. Со здравјето сè е во ред, освен несоницата која ве мачи подолг период.

Риби

Во текот на денот ќе добиете помош од страна на луѓето од вашето деловно опкружување. Ве очекува поволен период на полето на финансии. На љубовен план ќе се јават проблеми кај оние кои се во врска. На здравствен план, сè е во ред. Пожелно е само да го зголемите количеството на витамини и минерали во исхраната.

 

Scroll to Top