Австралијанецот Јатко Тодев со потекло од Македонија, добил доживотно бесплатно летање со авион од авиокомпанијата ЈАТ, затоа што во 1978 година, се родил за време на летот за Сиднеј.
Јатко е роден на 13 февруари за време на летот Б-707, кој летал од Југославија до Австралија. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај.
Јатко раскажува дека папочната врвца ја пресекле со ножици, а ја дезинфицирале со виски. Кум бил пилотот, кој управувал со авионот. Јатко го добил името во чест на авиокомпанијата ЈАТ, сега позната како Ер Србија.
Јатко е единствениот човек во светот каде што во местото на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI. Иако добил можност бесплатно да лета до било која дестинација во светот, Ратко ниту еднаш не го искоритил овој подарок. Тој сега со семејството живее во Австралија.