Дел од запленетите луксузни автомобили на синот на претседателот на Екваторска Гвинеја, ќе бидат ставени на продажба од страна на аукциска куќа во Швајцарија. Станува збор за скапи автомобили од брендот на „ферари“, „ролс-ројс“ и „ламборџини“. На аукцијата планирано е да бидат продадени 25 луксузни автомобили.
По заплената, швајцарските власти очекуваат дека продажбата ќе достигне до 18,5 милиони швајцарски франци, а средствата планирано е да бидат испратени за добротворни цели во Екваторска Гвинеја.
Аукцијата е организирана откако обвинителството во Женева во февруари објави дека го затвора случајот против Теодор Нгуема Обианг, син на повеќедеценискиот претседател Теодор Обианг, и уште две други лица, по спроведената истрага за перење пари и лошо управување со јавните средства.