Новак Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ елиминирани во првото коло на турнирот во Токио

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ заедно со Филип Крајиновиќ беа елиминирани во првото коло на турнирот во Токио, во мечевите во двојки.

Двајцата беа поразени од Хрватот Мат Павиќ и Бразилецот Бруно Саурес со 1:2 (2:6, 6:4,4:10).

Ѓоковиќ во првото коло во Токио во сингл мечевите ќе игра против Австралијанецот Алексеј Попирин. Србинот и понатаму останува прв на АТП листата со 9865 бодови. Зад него е Шпанецот Рафаел Надал со 640 бодови помалку.

Ѓоковиќ е неприкосновен на врвот на АТП листата веќе 271 недела. Со тоа, Ѓокогиќ го претрка Иван Лендл на третото место, кој успеал да остане прв 270 недели на оваа листа. Пред него се само на Пит Сампрас (286 недели) и Роџер Федерер (310 недели).

 

Scroll to Top