Балканската пејачка Емина Јаховиќ и нејзиниот партнер Садетин Саран наскоро планираат свадба, пишуваат турските медиуми. Во јавноста се шпекулира дека венчавката ќе се случи на крајот на годинава.
Фотографии од Емина и Садетин како се држат за рака само ги потврдија наводите во медиумите, а неодамна и двајцата потврдија дека нивната врска напредува и дека се подготвени за брак.
Пејачката претходно беше во брак со турскиот писател Мустафа Сандал со кого има две деца. По разводот, Емина почна да се забавува со милионерот Садетин.