Никола Којо заврши во болница во Загреб

Српскиот актер Никола Којо заврши во болница во Загреб откако се лизнал на снимањето и паднал врз исечено дрво, пренесуваат српските медиуми.

Додека ги снимал кадрите во кои трча низ шумата, актерот се лизнал и со лицето паднал врз исеченото дрво. Веднаш бил превезен во болница, каде што му е направена снимка на главата.

Којо изјавил дека се чувствува добро.

 

Чекам да ме прегледа лекарот. Мислам дека не е нешто страшно. Лекарот ќе ми каже сè“, изјавил актерот, пренесува „Блиц“.

Сè се одвиваше како што треба. Којо е голем професионалец, меѓутоа, завреме на трчањето, не го виде исеченото дрво, па падна и се повреди“, изјавил изворот.

Scroll to Top