Американската вселенска агенција НАСА објави дека две жени коишто се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица во октомври, првпат заедно ќе заминат во веселената. Тоа ќе биде првата женска екипа на космонаути во вселената.
„Астронаутите Кристина Кук, која е инженер на НАСА и Џесика Меир на 21 октомври заедно ќе заминат во вселената за да стават нови батерии во станицата“, обајвија од НАСА.
Астронаутот Кук требаше да замине во вселената во март годинава, но НАСА се откажа од тој план, бидејќи немаше доволно време да го подготви вселенскиот костум за неа.
„Заминувањето на женската екипа е важен чекор за нас и заслужува прослава“, додаде изјави заменичката на шефот на службата за астронаути на НАСА, астронаутот Меган Мекартур.