Сара Џесика Паркер ја избриша Македонија од „Медена земја“

Светската актерка Сара Џесика Паркер откако го гледаше во кино македонскиот кандидат за Оскар „Медена земја“  напиша колку е воодушевена од документарниот филм. Таа ги пренесе своите импресии од филмот што ги освои сите светски награди и улогата на единствената Атиџе, за која ќе каже дека е жена што никогаш нема да ја заборави.

„Медена земја. Неверојатна, визуелно вчудовидувачка, интимна, но сепак епска приказна за Атиџе, жената што чува пчели. Жена што никогаш нема да ја заборавам. Постои причина зошто овој филм ги собира сите награди. Им честитам на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што ни дозволивте да патуваме со вас. Ќе ве следам секаде“, вака гласи едитираната објава на актерката.

Во првичната, таа им се заблагодари на авторите што ѝ дозволиле да „отпатува“ до малото село во Република Македонија, за потоа името да го поправи во Северна Македонија… За на крај, да избрише какво било име на држава од објавата и да ја исклучи опцијата за коментари.

Објавата на актерката со името Северна Македонија во истата

„Оваа објава е едитирана од мене. Имаше многу коментари поврзани со истата. Поконкретно, со мојот избор на име на државата што го добив од бројните интервјуа со екипата и освртите за филмот што ги пронајдов откако го погледнав. Мојата цел беше да му се обратам на поширокиот аудиториум и да му ја претставам оваа приказна. Не заземам никаква политичка страна бидејќи не се чувствувам доволно информирана на темата. Ви ветувам дека ќе истражам повеќе за ова. Во замена, се надевам дека сите ќе се потрудат да бидат публика на „Медена земја“.

Едитираната објава на актерката, без да спомене име на државата од каде доаѓа филмот

 

 

 

 

 

Scroll to Top