Кан-кан танц и шампањско за 130 години „Мулен руж“

Кабаре-театарот „Мулен руж“ во Париз го прослави 130. роденден. Илјадници граѓани наздравија со шампањско, а забавата почна со светлечко шоу. Потоа една танчарка се појави на покривот, а околу 50 други танчарки беа  облечени во препознатливите костими и го играа славниот кан-кан танц на улицата пред „Мулен руж“, пренесе „Франс прес“.

„Мулен руж“ е отворен во 1889, истата година кога била завршена и Ајфеловата кула. Тој е една од најатрактивните туристички дестинации во Париз. Секоја вечер има две претстави од по два часа, кои речиси секогаш се  распродадени. Театарот работи 365 дена во годината.

 

 

Scroll to Top