(Фото) Кевин Спејси во тајна посета на Белград

Холивудскиот актер Кевин Спејси тајно престојува во Белград, пишуваат српските медиуми. Спејси бил во посета на Народниот театар, а потоа бил виден низ улиците на српската метропола, пренесува „Блиц жена“.
Спејси бил виден во друштво со српските актерки Вања Милачиќ и Марија Вицковиќ, кои нивната заедничка фотографија ја објавиле на „Инстаграм“.
„Кевин Спејси дојде на генералната проба на претставата ‘Сон на летната ноќ’, проект Шекспир. Спектакуларна круна на возбудливиот процес на работа на претставата. Вечерва премиера“, напишала Вања под фотографијата.Спејси во Белград пристигнал во тајност за да снима серија, но атерот не сака да открие повеќе детали. Ова е прв негов проект во кој е ангажиран по обвинувањата за сексуална злоупотреба на едно момче пред две години.

Scroll to Top