Во музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк е поставена восочна фигура од шведскиот диџеј Авичи, кој се самоуби лани. Тим Берглинг, како што е неговото вистинско име, е поставен зад миксета со слушалки околу вратот, крената рака и качкет свртен наопаку
„Мило ни е што на Тим му е оддадена почит на овој начин и се надеваме дека фигурата ќе им донесе радост на сите кои го сакаа него и неговата музика“, рекле родителите на Авичи.
Поставката вклучува и звуци од некои од неговите најпознати настапи.