Мајката на активистката Грета Тунберг (16) е познатата шведска пејачка Малена Ернман, пренесуваат светските медиуми. Тие открија дека Малена пееше на Евровизија 2009 година во Москва, Русија. Таа тогаш ја испеа песната La Voiх. Во полуфиналето Малена освои 105 поени, па пееше и во финалето, но таму заврши на 21. место со 33 поени.
За потетување, Грета се најде во центарот на вниманието на светската јавност заради нејзините говори за заштита на планетата што ги одржа неодамна на самитот во Обединетите нации кога ги критикуваше светските лидери, а потоа ги нападна и претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин на „Твитер“. Таа е една од номинираните личности за Нобеловата награда за мир.