Првиот брачен пар во светот со Даунов синдром 27 години во среќен брак

Првиот брачен пар со Даунов синдром кој се венчале и по 27 години се неразделни и среќни. Герет и Деана ја раскажаа нивната приказна, од тоа кога прв пат се запознале во нивниот локален центар во Камбриа, Англија во 1981 година.

Герет во тоа време имал само 17 години, а Деана имала 19 години. Денес, скоро триесет години подоцна, парот е сè уште многу вљубени и неразделени.

„Деана и јас се согласуваме во се“, вели Герет.

Деана откри дека првото нешто што ја привлекло кај Гарет е неговата накострежена црвена коса. „Мислам дека има коса со боја на ѓумбир. Јас сакам ѓумбир. Тој, исто така, тогаш имаше брада. Исто црвена . И јас имам коса со боја на ѓумбир “, вели таа.

Герет, од друга страна, вели дека бил пред да ја запознае Деана имал три девјко. „Пред да се сретнам со Деана, имав три девојчиња. Но, на крај избрав вистинската, а тоа е Деана“, открива тој.

Двојката прво почнала како двајца добри пријатели. Нивните семејства не сфатиле колку беа сериозни работите меѓу нив, дури 10 години подоцна.

„Не знаевме многу за нивната врска сè додека не почнаа да зборуваат дека сакаат да се земат“, вели 80-годишната мајка на Герет, Ана.

Герет додава: „Отидовме на излет во Блекпул и таму се веривме. Тоа беше за роденденот на Деана“.

Набргу потоа, тие се венчале на 4 јули 1992 година, со што тие се двојка со најдолготрајниот брак на лица со  Даунов синдром.

Деана вели: „Јас сè уште го сакам. Погледнете го, тој изгледа како старец “.

 

Scroll to Top