Светската актерка Анџелина Џоли (44) живее во луксузна вила вредна 25 милиони долари во Лос Анџелес. Домот на Џоли кој е стар повеќе од 100 години, има просторна дневна соба, трпезарија со кујна, шест спални соби, десет купатила, приватна библиотека и теретана. Куќата се простира на 21.000 квадратни метри.
Во раскошните градини има и базен, а имотот е украсен и со многу фонтани. Џоли има и помошна куќа и затворен базен. Џоли е позната како голем заштитник на човековите, но и на животинските права. Таа во својата вила чува голем број на миленици. Има кучиња, зајаци, а чува и голем гуштер.
Џоли во моментов се подготвува за премиерата на продолженеито на филмот „Господарка на злото“, кое треба да биде прикажано во Лондон.