Голем астероид денеска ќе помине покрај Земјата, велат од НАСА. Небесното тело ќе ја одмине планетата на далечина од 1,5 милиони километри, односно 50 пати поблиску од најблиската планета Меркур. Експертите во американската вселенска агенција стравуваат од можен удар и објаснуваат дека ова ќе биде најблиската посета на еден астероид која човекот ја забележал во изминатите 115 години. Тие велат дека Земјата нема обезбедено никаква одбрана од ваквите вселенски тела.
Светските астрономи го забележале астероидот уште минатата недела. Тие велат дека 2019 ТА7, се движи со брзина од 36.210 километри на час и е со големина од 34 метри. Овој астероид се наоѓа во групата на неодамна откриени астероиди кои деновиве треба да прелетаат покрај нашата планета. Астрономите веруваат дека овој астероид може да направи круг околу Сонцето за 240 дена, а покрај Земјата поминува еднаш годишно.
Експертите во НАСА подолг период предупредуваат за ваквите опасности, а и во Обединетите нации сакаат да ја покренат свесноста по ова прашање. Тие имаат прогласено и Светски ден на астероидот, а 30 јуни е одбран како датум, како потсетник на Тунгуската експлозија во 1908 година. Тогаш силна експлозија во Сибир настанала како резултат на удар од астероид кој делумно изгорел и паднал на тоа подрачје.