Пејачката Мараја Кери за време на својот говор на конференцијата на магазинот Variety, пред публиката направи гаф. Таа ја помеша актерката Џенифер Анистон со нејзината колешка Рис Витерспун. Додека пејачката држеше говор за тоа дека секогаш со себе носи картички со однапред подготвен текст, Мараја место Анистон ја спомна Витерспун, која не беше ни меѓу присутните во салата.
„Секогаш кога треба да држам говор со себе си носам картички со текст. Уредите од кои што треба да читам се предалеку во публиката и не можам да прочитам ништо. Баш го гледав говорот на Рис Витерспун беше фантастичен“, кажа Мараја, која наместо да добие аплауз од публиката, во салата настана молк.
На сите им стана јасно дека Мараја мислела на Анистон, а не на Витерспун и се додека не настана грешата, тие се смееја на шегите на пејачката. Но, кога дојде до грешката, никој не разбра дали станува збор за шега на Мараја Кери или дошло до обична забуна.
Откако Мараја посрамотена ја увиде грешката кратко изјави: „Ма добро знаете на што мислам“. Засега Анистон се нема огласено по повод гафот на Мараја Кери.