Пластичниот хирург Џулијан Де Силва направил истражување кое покажало дека лицето на американскиот супермодел Бела Хадид е најблиску до таканаречениот „златниот однос на убавината“, пишува британскиот „Сан“. Таа имала најблизок однос на цртите на лицето споредено со идеалниот однос според математичката равенка позната како Beauty Phi, развиена уште во древна Грција.
Де Силва ги пресметувал пропорциите на лицата на неколку славни личности, мерејќи го обликот и позицијата на усните, носот, брадата, челото и вилицата. Бела Хадид била близу до идеалниот сооднос од 94,34 отсто, па познатиот пластичен хирург ја прогласува за најубавата жена на светот.
„Бела беше апсолутен победник кога сите елементи од лицето беа измерени на примерокот на физичкото совршенстгво. Таа имаше највисок вкупен резултат на брадата од 99,7 отсто. До идеалната форма ѝ недостигаа само 0,3 отсто“, вели Де Силва.
На второ место е Бијонсе со 92,44 отсто, а трета е актерката Амбер Херд со 91,85 отсто, која имала најсовршен нос.
Во најубавите десет се најдоа и Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Натали Портман, Кети Пери и Кара Делевин.
Хирургот вели дека новите методи на компјутерска споредба ќе им помогнат на научниците да се обидат да одговорат на прашањето: „што човекот го прави физички убав“, па тој и неговите колеги подобро ќе можат да ги испланираат пластичните операции во иднина.