Поранешната манекенка на „Викторијас сикрет“, Миранда Кер и нејзиниот сопруг, милијардерот и ко-основач на социјалната мрежа „Снепчет“, Еван Шпигел, повторно станаа родители. Тие го добија синот Мајлс. Веста за раѓањето на бебето ја соопшто манекенката преку „Инстаграм“.
„Пресреќни сме што денес му посакавме добредојде на нашиот Мајлс. Ви благодариме на убавите зборови и желби,“ напиша Кер на својот профил.
Мајлс е нивни втор син. Тие го имаат и синот Харт. Од првиот брак со глумецот Орландо Блум, Миранда го има осумгодишниот син Флин.