Направена најскапата торта во Турција, едно парче за илјада евра

Компанија од Анкара, Турција, позната по своите сладолед торти, ја изработи најскапата торта во земјата, објави „Сабах“.  Тортата вреди вкупно 56.000 турски лири (8.615 евра). А, едно парче чини околу 1.000 евра.

Специјалниот десерт беше претставен на изложба во Истанбул. На тортата работеле 14 слаткари, 21 ден, а употребено било козјо млеко, чоколадо, крем и 340 грама злато за јадење.

-Оваа златна торта е прва од ваков вид во Турција. Направена е од 340 грама 14-каратно злато за јадење, изјави Јашар Каплан претставник на компанијата.

Според него, тимот што ја изработи тортата, работеше со најмали и најпрецизни инструменти, за да се добие ова своевидно ремек-дело.

 

Scroll to Top