Американката Лора Мекинтајар ја сликала својата сестра близначка Кети Дибари како плаче по четири дена минати во болница во Тексас. Кети е медицинска сестра и изработила четири смени по ред, односно минала 53 часа на работното место. За неа грижата за пацентите е поважна од нејзиното здравје.
„Сестра ми мина 53 часа на работното место. Толку е преокупирана со грижата на пациентите, што понекогаш нема време да се грижи за себе си. Често се случува да не доручкува и да отиде на работа, затоа што секој момент минат во болница за неа значи дека може да спаси нечиј живот“, вели нејзината сестра Кети.
Кети го искористила моментот додека Лора одморала во нејзината куќа. Таа ја сликала во унифрома како плаче, а фотографијата ја објавила на социјалните мрежи.
„Кога стигна кај мене зема малку да јаде. Ми кажа дека штотуку породила мртвородено бебе. Дали понекогаш се прашувате со што сè се соочуваат медицинските сестри? Тие гледаат радост во пораѓањето на здрави мајки и бебиња, но гледаат и паника и анксиозност кога новата мајка ќе се уплаши. Гледаат и како тинејџерки се пораѓаат. Гледаат мајки наркоманки кои раѓаат деца додека се во криза. Дали знаете дека медицинските сестри мораат да организираат погребни друштва за да дојдат по бебето?“, напишала Лора на социјалните мрежи.