Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ глуми во новото продолжение на акциониот трилер „Џон Вик 2“, во кој главната улога ја има холивудксиот актер Кијану Ривс. НБА кошаркарот на Далас, во филмот го глуми негативецот Ернест. Снимката од нивната физичка пресметка веќе излезе во јавноста, преку објавениот трејлер.
Воведната сцена на тепачката се одвива во Њујоршка јавна библиотека. Продуцентите на филмот биле импресионирани од градбата на Марјановиќ, кој е висок 221 сантиметри. Во филмот глуми и Хали Бери.
„Благодарен сум што имав можност да работам со еден од најдобрите актери во светот. Ривс е голем професионалец, како и ние кошаркарите на тренинзите. Целата глума беше нешто ново за мене. Глумата, сцените со тепање. Тој ми покажа некои потези и ме насочи што треба да правам“, изјавил Марјановиќ.