Светската латино ѕвезда Џенфер Лопез беше забележана во невестински фустан на улиците низ Менхетен во Њујорк. Таа во моментов го снима новиот филм „Омажи ме“, во режија на Кет Коиро.
Лопез без многу време за одмор, по завршувањето на снимањата на филмот Hustlers, веднаш се посветила на нејзиниот нов филм каде ја игра главната улога на поп-ѕвезда. Станува збор за романтична комедија во која покрај Лопез во главните улоги се јавуваат и Овен Вилсон, Џон Бредли, ѕвездата од серијата „Игри на престолот“ и Сара Силверман.
Во филмот Лопез ќе биде оставена од нејзиниот вереник, кој исто така ќе биде голема музичка ѕвезда, пред самиот олтар. Светските медиуми пренесуваат дека фустанот кој го носела Лопез на снимањето бил необичен и целиот бил со светкави украси.