Температурите ќе паднат за 20 степени, конечно заладување

Од следната недела конечно заладување и крај на летното време, кое е невообичаено за овој дел од годината. Според прогнозите, во текот на следната недела над централен и северен Атлантик ќе се стационира поизразен антициклон (поле на висок воздушен притисок).

Сето ова од Арктикот кон Европа и Балканскиот Полуостров би условило продор на значително постуден воздух кој би ги спуштил температурите на воздухот за 10 до 20 степени ширум Европа и Балканот во однос на оние кои ги имаме сега.

Овој бран ширум европскиот континент ќе услови и врнежи, снег и зимски температури кои ќе се спуштаат и под нулата. Студениот воздух некаде по средината на следната недела, кога би стигнал над нашите краишта, поточно некаде над Италија, би условил формирање циклонски систем кој во нашите делови ќе услови врнежи.

 

Scroll to Top