„Ми се гадите“ – Дино Раѓа револтиран што Сплит го избриша споменот на „Југопластика“

Градски власти во Сплит денес попладне го бојосаа муралот посветен на најголемите успеси на кошаркарскиот клуб „Југопластика“. Дино Раѓа, еден од членовите на легендарниот клуб, што некогаш освои три европски титули, револтиран од постапката, им рече на политичарите „дека се за жалење“ и им порача дека му се гади од нив.

„Срамота. Ми се гадите, жални сте зашто никогаш не сте направиле ништо во животот. Единствено што знаете е да продавате црвена и црна магла за да ги скриете вашите срања. Не ви пречи што Младинскиот центар не е завршен веќе 40 години, не ви пречат стадионот и базените што се распаѓаат, не ви пречи метрото што вози еден и пол човек дневно, не ви пречи што треба да помине еден час за да го поминете пристаништето. Не ви пречи незавршената арена 10 години. Но, ви пречи најголемиот спортски успех во историјата на градот. Бљак“, напиша, меѓу другото, некогашниот кошаркар на „Фејсбук“.

За потсетување, тој со „Југопластика“ ја освои титулата Европски шампион три години по ред (1988/1989, 1989/1990, 1990/1991), а двапати беше член на тимот на Југославија кога ја освоија титулата Европски прваци. Во времето кога играше за „Југопластика“ во екипата од Сплит настапуваа и Кукоч, Маљковиќ, Сретеновиќ…

Scroll to Top