Џенифер Гарнер им забрани „Инстаграм“ на децата

Холивудската глумица Џенифер Гарнер им забрани на нејзините деца да користат „Инстаграм“ затоа што мисли дека социјалните мрежи ќе имаат лошо влијание на нив. Поранешната сопруга на Бен Афлек е загрижена за здравјето на нејзините три деца и смета дека социјалните мрежи лошо влијаат на психата кај сите млади.

Гарнер ќе настојува да ги држи нејзините деца особено 13 годишна ќерка подалеку од социјалните мрежи.

„Загрижена сум за денешните млади кои се изложени на огромен притисок од социјаните мрежи. Затоа ќе настојувам ќерка ми да ја држам подалеку од овие работи. Таа постојано бара да ѝ дозволам да отвори „Инстаграм“ профил и на некој начин се чувствувам лицемерна, затоа што јас имам профил“, изјавила Гарнер.

Глумицата во емисијата кај Кејт Курик објаснила дека пред да им дозволи на своите деца да користат „Инстаграм“, сака да наиде на студија која ќе покаже дека социјалните мрежи ќе ги направат младите посреќни.

„Тогаш можеби ќе размислам. Вака не гледам позитивни работи во целата оваа работа“, изјавила Гарнер, која објаснила дека денес времињата не се лесни за тинејџерите.

„Сакам да ја сочувам приватноста на моите деца колку што можам повеќе. Никогаш не ги објавувам нивните фотографии на „Инстаграм“. Одбив да ги изговорам и имињата за време на моите интервјуа за работа, иако сега сите ги знаат“, изјавила Гарнер.

На Гарнер и паѓа тешко што мора да ги одбие децата да отворат „Инстаграм“. Глумицата знае дека како и сите други, така и нејзините деца сакаат да уживаат во вниманието кое ќе го добијат на социјалнтие мрежи.

 

Scroll to Top