Беквалац: Со Лазукиќ останав поради бременоста со Катја

Српската пејачка Наташа Беквалац била злоставувана од првиот ден кога стапила во брак со поранешниот сопруг Лука Лазукиќ, а заедно останале само затоа што во тој момент била бремена. Таа секојдневно трпела тортури и навреди, а состојбата кулминирала кога српскиот бизнисмен крвнички ја претепа во нејзиниот стан во Белград.

По една година судење, двајцата неодамна и официјално се разведоа.

„Секоја жена пред да стапи во брак треба добро да го запознае својот партнер. Јас бев занесена и заљубена. Веднаш по венчавката животот ми стана пекол. Трпев сè и сешто затоа што имав ризична бременост и се посветив да родам здраво девојче. Проблемите ги ставав под тепих, а тоа подоцна кулминираше“, вели Наташа.

Беквалац смета дека судскиот процес за неа бил многу полош од понижувањата и тепањето кое таа го доживеала од својот поранешен сопруг.

„Во судницата се чувствував како јас да сум виновна, поготово кога ќе ме прашаа дали било во ред да го разбудам сопругот, ако сум имала некакви роблеми. Се обидуваа да ме направат мене виновна. Полека почнував и да верувам во тоа. Но, на крајот докажав дека не сум. Експертите ги вештачеа моите повреди и докажаа дека не сум можела такво нешто да си направам самата на себе си“. вели Беквалац.

Српската пејачка вели дека била хиперсензитивна, па побарала помош од психотерапевт, за да не биде трајно емотивно оштетена. Со денови и недели спиев само по 2 до 3 часа. Се плашев да заспијам. Имав кошмари. Се будев целата испотена и исцрпена. Сега најважно ми е децата да имаат добар однос со татко им“, вели пејачката.

 

Scroll to Top