Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон сака да ги смири браќата Вилијам и Хари. Британските медиуми пишуваат дека сопругата на Вилијам превземала иницијатива, далеку од очите на јавноста и почнала да организира разни собири на кои биле поканети само потесните членови на кралското семејство.
„Мидлтон сака по секоја цена да ги поправи односите меѓу браќата кои се нарушија по венчавката на Хари и Меган“, вели близок извор до кралското семејство.
Принцот Хари на неодамнешното патување во Африка, призна за недоразбирањата кои ги имал со својот постар брат Вилијам.
„Во оваа улога која ја имаме и која носи голем притисок некои работи не можете да ги избегнете. Но, пред се ние сме браќа. Секогаш ќе бидеме браќа. Во моментов се наоѓаме на различни патишта, но секогаш ќе бидам тука за него и тој за мене. Не се гледаме често како претходно, но еднсотавно имаме премногу работа. Јас го сакам и поголемите проблеми кои се читаа по медиумите, се лажни. Како и сите браќа и ние имаме добри и лоши денови“, изјавил Хари.