Потребни состојки:
8-10 парчиња сув леб
2 јајца
150гр кисела павлака
100гр кајмак
100гр сирење
по желба сусам и оригано
Начин на подготовка:
Јајцата, павлаката и кајмакот изматете ги, па ставете ги на парчињата со леб. Сирењето изрендајте го, па и тоа ставете го врз парчињата леб. Ставете сусам и оригано по вкус, па така подготвените лепчињата печете ги околу 10 минути во рерна.