Глумецот Курт Расел се подготвува за новата улога во филмот „Божиќна хроника“. Глумецот ќе го игра Дедо Мраз и затоа има пуштено голема брада, а косата му била несредена, велат негови блиски соработници.
Папараците го снимиле Расел со новиот имиџ во Лос Анџелес, во друштво на неговата сопруга Голди Хоун и синот.
Голди Хоун и Курт Расел се заедно од 1983-та година и за многумина важат за омилен селебрити пар во Холивуд. Двајцата се запознале во 1976-ма година, на снимањето на филмот The One and Only, Genuine, Original Family Band.