Никотинот и останува во организмот кај луѓето и откако тие ги имаат оставено цигарите. Важно е да се забрза процесот на исфрлањето на наслагите преку исхраната, велат експертите. Тие препорачуваат некои намирници кои можат да помогнат во тој процес.
Зелен чај
Преку пушењето телото ја губи потребната вода, па организмот многу брзо доаѓа во состојба на дехидрација. Пиењето на зелен чај преполн со антиоксиданси го отстранува никотинот од организмот.
Спанаќ
Фолната киселина, која е присутна во спанаќот, е важна за нормалната работа на организмот. Таа помага во телото за да ослободите на никотинот.
Морков
Морковот содржи голема количина на витамини А, К, Ц и Б, кои се главни чистачи на телото. Тие помагаат во заздравувањето на кожата која преку никотинот се уништува.
Брокулите, карфиолот и зелката
Овие зеленчуци содржат антиоксиданси кои го чистат телото од многубројни токсини.
Агруми
Сокот од портокали, лимон или грејпфрут, го чисти организмот од никотин и го храни.