Голем број теоретичари на заговор тврдат дека шведската тинејџерка Грета Тунберг е патник низ времето и дека таа е дојдена од иднината, а нејзината цел е да ја спаси Земјата. Своето тврдење го темелат на фотографија направена во 1989 година во Канада, на која е снимено едно девојче кое многу личи на младата активистка.
Покрај неа се наоѓаат уште две девојчиња, кои бараат злато. Фотографијата е направена на канадската територија Јукон, каде сега се наоѓа Универзитетот Вашингтон во Сиетл. Многумина теоретичари тврдат дека девојката на фотографијата е Грета и дека таа доаѓа во клучен момент за да нè спаси од климатските промени.
„Грета Тунберг е патник низ времето и е испратена од иднината да ја спаси нашата планета од погубните последици на климатските промени“, гласи еден од коментарите на „Твитер“.
Има и такви кои веруваат дека во прашање е фотографија која е преработена со фотошоп. Шведската тинејџерка Грета Тунберг стана симбол на борбата против климатските промени.
Таа во нејзиното школо во Шведска беше предводник на протестите кои се случуваа речиси секоја недела. Нејзината борба беше инспирација за многумина да почнат со протести низ градовите ширум светот.
Грета не е првата позната личност чиј двојник живеел во минатиот век, а која е посочена дека е патник низ времето. Претходно на социјалните мрежи овие ептитети ги добија Џон Траволта, Џеј-Зи, Николас Кејџ и Еди Марфи кои имале двојници во минатото, а чии фотографии станале вирални благодарение на социјалните мрежи.