За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни следниве состојки:
500 гр брашно
2 мали лажици пециво
1 1/2 мала лажица цимет
1 ванила
2 големи лажици шеќер
Прстофат сол
200 гр кисело млеко
2 јајца
По потреба масло за пржење и малку брашно за посипување.
Подготовка:
Во еден сад се става киселото млеко и му се додава пецивото и се остава да се активира. На млекото му се додаваат јајцата и се промешува. Во течните состојки се ставаат останатите суви состојки и се замесува тесто, а тестото треба да е меко. Тестото се остава да одмори десетина минути. Се расукува кора со дебелина од околу 5мм и со модла се сечат кругови. Крофните се пржат во загреано масло.