Глумицата Хали Бери се повреди за време на снимањето на ММА драмата Bruised. Глумицата, која истовремено е и режисер на филмот, се здоби со полесна повреда од напорните тренинзи.
„Исцрпена е и потребна ѝ е пауза“, изјавил продуцентот на филмот, Брајан Пит, и објаснил дека снимањето ќе се одложи за некое време.
Бери им се заблагодари на фановите за поддршката што ја добива од нив.
„Не сум уморна. Будна сум и допрва ќе почнам со работа“, им порача Бери на фановите на „Инстаграм“.
Бери од 19 години се бори со дијабетисот и затоа за снимањето морала да ја прилагоди својата исхрана.
„Јадам еден куп свеж зеленчук, пилешко и тестенини. Избегнувам црвено месо и го намалив јадењето на овошје“, вели Бери која објасни дека наутро за доручек пие чаша исцедена лимонада и кафе.