Поранешниот српски фудбалер Матеја Кежман на свој близок пријател кој боледувал од ретка болест му подарил 500.000 евра за да ги подмири трошоците за операција, пишуваат српските медиуми.
Кежман парите ги ставил на сметка на приватна клининка во Русија. Тој им порачал на лекарите да направат сè што е во нивна моќ за да му помогнат на неговиот пријател кој боледува од ретка форма на Фабриева болест.
Ексфудбалерот во болницата имал отворена сметка кој ќе го подмири по завршувањето на лекувањето. Пријателот на Кежман дал кратка изјава за српските медиуми, па објаснил дека неговото лекување е во почетна фаза.