(Фото) Папата Франциск доби нов „Папамобил“

Папата Франциско доби нов специјален автомобил, таканаречен „Папамобил“ од „Рено“ групацијата, во чија сопственост е и романскиот бренд „Дачиа“. Романскиот SUV ќе биде новото возило на папата. Тој е во бела боја, и е украсен со знаменцата на државата Ватикан.

Задниот дел има специјална доградба, карактеристична за сите претходни издание на „Папамобил“. Со цел на Папата да му се олесни влезот во автомобилот, системот за потпирање е спуштен за 30 милиметри.

Сите модификации се направени со цел да се прилагодат на потребите на папата. Папата е познат по тоа што користи скромни автомобили за превоз, дури и кога оди на светски турнеи.

Во последните години тој се возеше со FIAT 500L произведен во Крагуевац, кросоверот Kia Soul, малата лимузина „Дачија Лога“.

Со тој потег, папата сака да покаже дека не е поддржувач на потрошувачкиот начин на живот, а во 2013. година изјави дека навистина жали кога гледа како свештениците возат скапи автомобили, порачувајќи им да изберат нешто посоодветно.

 

Scroll to Top