Данците од наредната година ќе патуваат со возови на батерии

Данците од наредната година ќе се возат во возови на батерии. Властите за 2020 година набавија возови на батерии кои треба да патуваат на две железнички пруги.

Бени Енгелбрехт, министерот за сообраќај, веќе има потпишано договор со регионалните власти во Копенхаген, Зеланд и Централен Јутланд и вели дека во план е да се направат првите тестови.

Овој експеримент со новите возови се планира да трае една година од 2020 година до почетокот на 2021 година. Енгелбрехт верува дека новите возови на батерии ќе бидат корисни и дека значително ќе влијаат на подобрување на климата. Исто така, ќе помогнат и во решавањето на проблемите со помалите железници.

„Возовите на батерии би можеле да бидат многу важен дел од идниот железнички сообраќај во Данска“, изјавил министерот Енгелбрехт.

Возовите на батерии во моментов се користат и се тестираат во земјите како што се Австрија и Германија. Во Германија во септември минатата година, за првпат беше пуштен воз на водороден погон.

Оваа поскапа, но еколошки поприфатлива технологија веќе им се спротивстави на дизел-возовите кои го загадуваат воздухот, велат тамошните власти.

 

 

 

Scroll to Top