ОВЕН
Преоптоварени сте со обврски на работа. Вашите претпоставени ви прават притисок за побрзо ја завршите работата. Не ви е лесно да донесете нови одлуки на ова на поле. Ви претстои тежок период и на полето на љубовта. Не можете да најдете заеднички јазик со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.
БИК
Ќе имате многу можности за напредок. Ќе бидете задоволни од резултатите што сте ги оствариле на ова поле. Вашите шефови и колеги исто така ќе бидат задоволни од вас и можно е по подолго време да го добиете посакуваното унапредување и покачување на плата. Наеднаш ќе дојде до нарушување на врската со вашиот партнер. Подгответе се за многу расправии. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на срцевите проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Ако се занимавате со приватна работа, денес е добар ден за решавање на некои од проблемите во минатото. Наскоро ве очекува нова врска. Конечно ќе имате можност за малку среќа на ова поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.
РАК
Ве очекува кратко патување кое ќе биде од исклучителна важност за вашата иднина во компанијата. Комуникацијата со вашиот партнер е нарушена и барате начини како да ја исправите целата работа. Внимавајте на здравјето и проблемите со дишните патишта.
ЛАВ
Во некои ситуации се чувствувате беспомошно меѓу вашите колеги и соработници и тоа ве оптоварува. Загрижени сте за заедничката иднина со вашиот партнер. Не знаете како да продолжите во иднина. Со здравјето сè е во ред. Денешниот ден пожелно е да го искористите за одмор.
ДЕВИЦА
Ве очекува период на промени на деловен план. Ќе ви биде потребно време за да се прилагодите на истите. Ќе му се вратите на стариот партнер иако ги немате залечено некои емотивни рани од минатото. Внимавајте на здравјето. Би ви годела физичка активност.
ВАГА
Важно ви е да дадете сè од себе за да ја завршите работата. Сакате да ги импресионирате шефот и колегите и да се покажете во најдобро светло. Потребно ви е да бидете сосема искрени во односот со вашиот партнер, ако сакате стабилна врска. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
СКОРПИЈА
Ве очекува тежок ден за работа. Пред вас е период во кој ќе имате многу проблеми. Имате шанса да остварите подобар однос со партнерот, но треба да се потрудите малку повеќе да поработите на врската. Со здравјето сè е во ред. Имунитетот ви се засилува.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува поволен ден во кој ќе бидете задоволни од сработеното и завршените задачи на работното место. Ве очекува интересен познанство со личност со која наскоро би можеле да влезете во врска. Внимавајте на здравјето. Би ви годело малку спортување.
ЈАРЕЦ
Соработката што сте ја имале со компании од странство се сведува кон крај. Ве очекува период полн со деловни предизвици. Доколку сте во врска, нема да ви биде лесно да остварите мирна комуникација со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ја мрсната храна.
ВОДОЛИЈА
Не сте премногу расположени за во текот на денот да се занимавате со деловни обврски. Не ви е лесно да ги покажете вашите чувства, затоа што сè уште се плашите дека можете да бидете повредени. Внимавајте на здравјето. Ве мачат хронични проблеми. Посетете лекар.
РИБИ
Точно знаете што сакате кога станува збор за работата. Давате сè од себе за да ги остварите вашите цели. Можно е да имате проблеми во односот со вашиот партнер. Несогласувањата можете многу лесно да ги решите. Сè што ви е потребно е малку разбирање и толеранција. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.