Глумицата Џесика Бил му прости на Џастин Тимберлејк за неверството со неговата колешка Алиша Вејнрајт и го натера сопругот јавно да ѝ се извини, пишуваат светските медиуми. Близок извор до двојката открил дека Бил сакала Џастин да превземе одговорност за неговите постапки.
„И покрај неверството, двајцата ќе продолжат да бидат заедно. Таа сакаше Тимберлејк јавно да ѝ се извини. Беше посрамотена поради неговите постапки, но на крајот реши да го задржи покрај себе“, вели извор за магазинот Today.
Претходно медиумите ги објавија фотографиите на кои се гледа како Џастин Тимберлејк разменува нежности со неговата колешка Алиша Вејнрајт, во бар во Њу Орлеанс“.
Глумците биле видени заедно за време на паузите додека го снимале филмот „Пламер“.